Дали ова звучи познато? Му кажувате на детето да направи нешто, тоа ве игнорира. Повторуваш, пак ништо. Фрустрацијата расте додека барате по петти, шести пат – и така секој ден. Му велите да ги облече чорапите, да го исклучи телевизорот или да ја испразни училишната чанта и сето тоа изгледа како бесконечен процес. Иако ова може да биде крајно фрустрирачко, постои научно објаснување што укажува на тоа дека децата всушност не ги игнорираат своите родители, иако тоа може да изгледа така.

Детскиот психолог и мајка, д-р Јасмин, го споделила своето стручно мислење на „Инстаграм“, прикажувајќи интересна перспектива. Таа опишала ситуација позната на сите родители:

-Твоето дете си игра, а ти велиш дека е време да си оди. Одеднаш, тоа целосно те игнорира, речиси како да не те слуша.

Според д-р Јасмин, децата не ги игнорираат родителите или намерно им се спротивставуваат. Еве што всушност се случува во нивните умови:

-Го обработуваат губењето на тековната активност – Децата мора ментално да го обработат фактот дека престануваат да го прават она што им е интересно.

-Управуваат со стресот поради транзицијата – Секоја промена или транзиција, како од играње до облекување, го активира одговорот на стресот во мозокот.

-Бараат поврзување за да се чувствуваат безбедно – На децата често им е потребна дополнителна емоционална поддршка за да се приспособат на промените.

Д-р Јасмин објаснува дека промените и транзициите го активираат системот на стрес во мозокот на детето, предизвикувајќи „мозокот да премине во офлајн режим“ и да се отежни обработката на вашите упатства.

Затоа понекогаш изгледа дека децата совршено ги следат упатствата, а другпат изгледа дека заборавиле на основните рутини. Понекогаш зборовите не се доволни – потребна им е физичка близина или дополнително уверување за да преминат на следната активност. Таа заклучува дека проблемот не е непослушноста или слабите способности за слушање, туку дека мозокот на детето ни испраќа важни сигнали за неговите потреби во тој момент. Клучот е да се обезбеди поддршка за да се направи нивната транзиција полесна и побезбедна.

Автор: Карина Шиждрак

Извор



912

X