Во предговорот на книгата „Со молив пишува срцето“ (четврто издание од 1973 година), Душко Радовиќ меѓу другото напишал:
– Говорот и симболите со кои се служат возрасните, го заборавија убавото и возбудливо детство на зборови. Изгубениот рај на лично запознавање и именување, животен повод за мислата и зборот – тие сликовити предели им припаѓаат на далечните денови на раното детство.
Ако вашите деца влегуваат во светот на возрасните, со нив сигурно водите зрели разговори за животот и успехот и сигурно веќе сте го заборавиле периодот на нивното растење кога ви ги разубавуваа деновите со духовитата и чиста детска логика.
Ако планирате деца, овие детски мисли ќе ве однесат во светот на детството и ќе ве подготват за најубавите работи што следуваат.
Ако веќе сте родител и токму сега ве прашуваат нешто за кое немате одговор или на вашето прашањето одговараат така што ја доведуваат во прашање зрелата логика и ве смеат до солзи, тогаш ваквите детски мисли ви се многу познати.
Во секој случај, уживајте во детските мисли и размислувањата за моќта, политиката, еврото… што ќе ви го разубават денот, а можеби и ќе затресат некои од вашите возрасни уверувања.
– Завист е кога ќе те завиткаат во завој.
– Изобилство е некое растение што се става во земјата, па потоа само никнува и има некое ливче и тоа растение се јаде, но не е убаво затоа што е спанаќ.
– Карактер? Тоа е спорт. Мојот брат е карактерист.
– Одговорност е кога ќе им одговориш на другите да не учат и ќе ги наговараш да играат.
– Хоби е нешто бесплатно што те чини многу скапо.
Политика
– Политиката е убав збор за расипан бизнис.
– Тоа се луѓе што чудно зборуваат за другите да мислат дека се паметни.
– Тоа е кога чичковците во костуми лажат пред целиот свет, а другите им аплаудираат.
Евро
– Тоа е исто што и еурокрем само во помала тегла.
Доктор на науки
– Тоа е доктор што ја лечи науката.
– Тој не ти вели да ја отвориш устата, туку само тој зборува!
– Мафијата е една високо платена господска работа.
Прес-конфенреција
– Кога сакаат нешто да излажат, тогаш се прави прес-конференција.
Компјутер
– Тој служи за мама и тато повеќе да не спијат заедно.
Расправии
– Тоа е кога си за нешто крив, па тато се расправа со стап.
– Нема да ти кажам ништо затоа што не е убаво прашање.
Кафе
– Кафето најмногу го измислуваат гостите затоа што тие доаѓаат и измислуваат сè.
– Кафето е јадење за возрасните, а служи и за растење опашки кај децата.
Осамен
– Кога мислиш на домашните задачи и кога никој не те сака.
Променлив
– Кога некој бистар оди некаде каде што е важно, па веднаш го менува лицето.
– Тоа е татко ми кога го удира радиото за да се смени песната.
– Почеток е тогаш кога јас се родив, а крај нема.
(Дел од детските мисли се преземени од книгата „Со молив пишува срцето“, а останатите се од личните родителски архиви).