Игротека

Детски бисери: Мојот дедо на главата е босоног, а баба е дебела зашто е полна со љубов

Децата се постојан извор на бисери. Токму затоа што се искрени, тие погодуваат право во центарот и постојано нè засмејуваат со својата логика и своите бисери.

– Кога бебињата се малечки, тие се во стомакот на нивната мајка и тука никој не може да ги украде.

– Девојчињата не можат да мочкаат стоејќи бидејќи немаат за што да се држат.

– Мојата мајка е многу убава. Сè уште се гледа дека некогаш била млада.

– Јас подоцна ќе се оженам за мама. Не сакам некоја непозната жена.

– Во зима кокошките не несат јајце бидејќи дупката низ која јајцето излегува е замрзната.

– Мене не ми е потребен сируп за кашлица. Јас и без него можам да кашлам.

– Еднаш бев толку болна и имав 40 килограми температура.

– Дали и мајките мора да јадат трева за од градите да им тече млеко?

– Мојата мајка има бебе во стомакот, но не знам како го голтна.

– На мајките не им се вика. Тие се корисни.

– Повеќе не се случуваат чуда бидејќи имаме телевизор и компјутер.

– Бебето најдобро се навикнува на своите родители кога мама и тато наизменично го дојат своето бебе.

– Љубовта се случува кога ќе те погоди стрела. Но сè што доаѓа потоа повеќе не боли.

– Полуостров е остров кој сè уште не е направен.

– Бабата е дебела затоа што е полна со љубов.

– Јас повеќе немам баба. Ја посадија на гробишта.

– Мојот дедо на главата е босоног.

– Пред докторот да може да оперира некој, мора прво да го стерилизира.

– Не смее да се убива. Би можел да сака да се одмазди, па и тој да те убие тебе.

– Полицијата има хеликоптери за ако се случи нешто горе во рајот, да можат да дејствуваат.

– Мојот дедо нема никаква професија. Тој е само дедо.

– Колку е постар човек, толку се поскапи неговите заби.

Поврзани написи

To top