Децата се полни со интересни прашања и толкувања на нештата кои навистина знаат да расположат. Детските толкувања и поврзувања знаат да бидат волшебни. Ова се дел од детските бисерчиња што ни ги испративте. Во прашалникот може да ни напишете нови, а ние ќе ги објавиме.
Дениција, 3 години
– Јас сум дете-куче, ти си татко-кучко, а ти си мајка-кучка.
Ане, 5 години
-Се возиме во автомобил, почнуваат вести на радио и првата вест, нормално, е за коронавирусот.
Ане: Тато, смени ја станицата, научивме сè за короната.
Софија, 4 години
– Мама: Софија, на овој ден пред 8 години мама и тато првпат излегоа на кафе заедно.
Софија: А мене дома сама ме оставивте?
Виктор, 3 години
– Мами, јас сум прасенце, тато е прасе, а ти си праска.
Сара, 3 години
– Љубов е кога се бацуваме со мама.
Никола, 4 години
– Никола: Мамо, едвај чекам да помине вирусов, со вирусов нема љубов.
Мама: Зошто Никола нема љубов?
Никола: Па, не можеме да се бацуваме со малото Ане (симпатијата од градинка).
Тамара, 3 години
Мама: Ајде да си ги собереш играчките што ти се на подот.
Тамара: Не можам, мамо, ми се ниша прстот (и го мрда прстето).
Вероника, 3 години
Мамо, не можам да одам повеќе, ме болат тапаните (мисли на табаните).