Децата се полни со интересни прашања и толкувања на нештата кои навистина знаат да расположат. Детските толкувања и поврзувања знаат да бидат волшебни. Ова се дел од детските бисерчиња што ни ги испративте. Во прашалникот може да ни напишете нови, а ние ќе ги објавиме.
Дарија, 2 години
– Мама и Дарија играат танго. Мама е мајка, а Дарија е татко. Мама ѝ вика: „Ајде сега да поиграм танго со сестра ти“. А Дарија луто вика: „Ама јас сум маж. Маж не се менува“.
Илина, 4 години
– Мамо те сакам најмногу на светот. Те сакам до земјата, до небото, до ѕвездите, до планетите, до Америка, Австралија… и знаеш до каде? До најдалеку, до Охрид и Грција.
Теа, 2 години
– Вели фотонел за шифоњер.
Ели, 3 години
– Ѝ кркорат цревата наутро од глад: „Мамо, ми пука срцето, слушај“.
Кален, 3 години
– Мамо, ушето не ми слуша. Сака да каже дека му е затнато увото.
Лоран, 3 години
-Мамо, намачкај ми мустела (за нутела).
Адријан, 3 години
– Постојат две најголеми болности (болести) на цел свет: голема џумка и коронавирус.
Марија, 5 години
-Марија: Вчера беше неработен ден?
Мама: Не, а зошто прашуваш?
Марија: Па не работеше таблетот, мобилниот…
Горјана, 3 години
– Гогидол за крокодил.
Бојан, 2 години
– Мамо, јас кога бев кај тебе во мешето тогаш немав татко.
Бојана, 7 години
– Леле, кога ќе си оди коронава, да одиме на одмор.
Марија, 4 години
– Патувавме од Охрид за Битола, и пред тунелот ја прашувам ќерка ми дали знае што е тоа, мислејќи на тунелот. А таа сигурно и категорично ми одговара, ДА, знам. Што е, ја прашав и таа сериозно ми одговара: Тоа е црква за коли! Звучеше толку оригинално и за право влезот на тунелот на детето му заличи на влез во портите за црква, само што оваа била за автомобили!
Оливер, 3 години
Сакам нештооо, сакааам…
-А што сакаш?
– Сакам коронавирус!
Моника, 4 години
-Мама, најубаво да спиеш, да сонуваш виножито (Во превод, слатки сништа).
Ева, 3 години
-Мама, животните во книгата што го бркаат малиот Симба се викаат ХИГИЕНИ?
Стефан, 6 години
-Кога ќе биде крај на полициски час ќе одиме на планината.
Даријан, 3 години
-Ќе носиме надвор маски зашто има вирус, му велам. Откако излеговме со маските: Па, мамо, не мириса!?
Дарија, 2 години
– Мамо, пак ќе се деприлираш? (се однесува на депилираш).
912