Денеска, по повод Меѓународниот ден на детето, Националната галерија организира детска ликовна работилница во Даут-пашиниот амам, од  18:00 до 20:00 часот.

1 Јуни, Меѓународниот ден на детето, е ден исполнет со многубројни активности, ден на кој треба да се каже „не“ на насилството и злоупотребата на децата, а воедно обезбедување благосостојба и правилен развој. Ден на кој децата низ игра и настани „гласно“ ги промовираат нивните права.

Уметноста е мостот кој ги обединува децата, како на локално така и на глобално ниво, без оглед на меѓусебните културолошки разлики. Таа инспирира создавање на нешто ново, поинаква перспектива на поглед на светот.

Вклученоста во едукативните програми е независна од возраста, полот, верска припадност, социјална положба, физичка и/или ментална попреченост бидејќи образованието има особено влијание врз градење на човековиот интелектуален капитал во борба за намалување на сиромаштијата, зголемување на социјалната кохезија и елиминирање на можност од социјална неправда и дискриминација, пишуваат од Националната галерија.



912

X