Uncategorized

Детска количка од позната марка повлечена од продажба поради опасност од паѓање

Познатата марка на произведувачи на детски колички „Baby Trend“ ја повлекува од продажба количката што се продава на веб-страниците на „Таргет“ и „Амазон“ поради потенцијална опасност за децата.

Според известувањето од американската Комисија за безбедност и заштита на потрошувачки производи, проблемот е во тоа што под притисок, држачите може да се отпуштат, поради што децата можат да паднат.

Купувачите што купиле кои било од четирите црни колички „Танго“ би требало да престанат да ги користат и да им се обратат на произведувачите за да добијат поврат на пари. Според податоците со кои располага Комисијата, продадени се околу 2.000 такви колички, главно онлајн, помеѓу октомври и ноември 2019 година по цена од 100 и 120 долари.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top