Градинката „Моби“ во областа Локсштет во Хамбург годинава одби да постави новогодишна елка и украси поради учениците што не се католици. Раководството на градинката испратило писмо до родителите во кое ги известува дека сака да ја почитува верската слобода.

„Не сакаме да исклучуваме ниедно дете или неговата религија. Затоа оваа празнична сезона декорацијата е приспособена. Украсени се собите и направени се адвентски календари“, го објасниле својот став од градинката.

Многу родители, баби и дедовци биле револтирани од одлуката. Барбара Сиверт, која доаѓа во градинката за да ги земе внуците, за германските медиуми изјавила дека елката е дел од божиќната сезона.

„Мислам дека е тажно што децата во оваа градинка не можат да имаат елка“, рекла таа.

Со неа се согласува и 41-годишниот Хозе Тореалба, чие дете оди на настава во градинката „Моби“.

„Вистинска штета. Дрвото е симбол на Божиќ во христијанска земја“, смета тој.

Градинката „Моби“ припаѓа на Фондацијата за градинки „Финкенау“, која управува со 30 детски градинки. Индивидуалните капацитети сами одлучуваат дали и како ќе ги декорираат просториите. Членот на одборот на фондацијата, Линда Костер, не гледа ништо контроверзно во одлуката да се изостави елката оваа година.

„Тимот одлучува кои божиќни традиции ќе бидат вклучени. Годинава имаше прашање од советот на родители дали ќе има елка. Но веќе имаше други планови и тогаш тимот одлучи дека и ова е доволно. Нема само една традиција и не можеа да ги спроведат сите обичаи. Градинката не е продолжен дневен центар за родители, туку образовна институција“, заклучила таа.

Извор



912

X