Игротека

Децата во Струмица ја обожаваат Биби!

На многу прегратки, овации, радост сведочевме викендов во Градскиот парк во Струмица, каде што на покана на компанијата „Адиент“ гостуваше Биби. Таа ја доби првата можност да се прошета надвор од Скопје. Откако виде колку безрезервно ја сакаат децата во главниот град, таа одлучи малку да се прошета и да ги запознае своите другарчиња и во Струмица.

Речиси цел час Биби им се посвети на своите обожаватели. Заедно пееја, разговараа, се гушкаа, се смееја. Инспирирана токму од својата најнова книга „Моите омилени места“, тргна на ова прекрасно патување, полно со љубов, радост, убавини.

Во струмичката авантура на Биби ѝ помогна и новинарката и водителка Сузана Мицева.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top