Во најстудениот град на светот, Ојмјакон, кој се наоѓа во руската регија Јакутија, училиштата ги испраќаат децата дома поради страв дека може да смрзнат до смрт, откако температурите паднале под минус 60 степени.
Врела вода се смрзнува во самиот момент
Толку е студено, што врелата вода истурена во воздух веднаш се претвора во мраз. Се смета дека учениците до 11 години во Ојмјакон може да одат на настава додека термометрите не покажат температура пониска од минус 52 степени, а постарите ученици остануваат на училиште до температура од минус 55 степени.
Меѓутоа, поради падот на температурата под таа граница, сите 107 ученици од локалното училиште се испратени на настава преку интернет.
„Денес температурата е минус 40 степени, многу е студено и не сме на училиште иако настава продолжува преку Зум“, рекла Сајана, 16-годишна ученичка. На друго место во Јакутија средните училишта остануваат отворени додека температурата не достигне минус 50 степени, додека основците може да прескокнат настава на минус 45 Целзиусови степени.
Најниски температури
Најниската официјално забележана температура во Ојмјакон била минус 67 степени во 1933 година, но локалните жители велат дека неофицијално била регистрирана температура од минус 71 степен во февруари 1924 година. Кравите во најстуденото место на светот носат крзнени или волнени градници на вимињата кога температурите ќе почнат да паѓаат.
Автор: Вил Стјуарт
912