Воспитување

Децата учат од примери

– Децата што постојано се критикувани, ќе научат да осудуваат.

– Децата што постојано чувствуваат непријателство, ќе научат да се тепаат.

– Децата што постојано чувствуваат страв, ќе научат да чувствуваат самосожалување.

– Децата што постојано наидуваат на потсмев, ќе научат да бидат срамежливи.

– Децата што постојано чувствуваат љубомора, ќе научат што е завист.

– Децата што постојано чувствуваат срам, ќе стекнуваат чувство на вина.

– Децата што се опкружени со трпеливост, ќе научат да бидат трпеливи.

– Децата што постојано добиваат поттик, ќе стекнат самодоверба.

– Децата што постојано доживуваат пофалби, ќе умеат да почитуваат.

– Децата што постојано доживуваат одобрување, ќе научат да се сакаат себеси.

– Децата што постојано чувствуваат дека се прифатени, ќе научат да ја откриваат љубовта во светот.

Поврзани написи

To top