Еден синџир на детски згрижувачки центар од Австралија ги охрабри родителите да им дадат „автономија“ на своите мали деца и наведува како „достоинствено“ да им сменат пелени на своите деца.
Во објава на веб-страницата на „Only About Children“, дневниот центар за згрижување на деца, кој има 70 филијали низ Сиднеј, Мелбурн и Бризбејн, објаснува како промената на пелена на децата е важна можност за учење и градење односи.
За малите деца, дневниот центар вели дека родителите треба да се погрижат промените на пелени да имаат „пристоен почеток“.- Малите деца не сакаат да бидат прекинати кога играат. Почекајте да се појави „дупка“ во нивната игра пред да го почнете процесот на промена на пелените. Можеби ќе треба да му дадете автономија на вашето дете и да прашате: Дали сакаш да одиш само или сакаш да те носам за да те преслечам?
За бебиња, написот вели дека родителите треба да почнат да размислуваат во насоката: Ако беше бебе, како би сакало да ти се промени пелената?
Освен тоа, центарот ги советува родителите да ги менуваат пелените на бебињата полека и нежно, со целосно внимание.Уште во април, видеото на една мајка од САД стана вирално затоа што сподели дека го учи своето мало дете на телесна автономија и согласност, додека му ја менува пелената.
– Комуницирам со мојот син додека му ја менувам пелената и му објаснувам што правам додека го правам тоа, за тој да се чувствува дека е дел од процесот – вели таа, додавајќи дека нејзиниот син исто така комуницира и ги имитира нејзините звуци.
– Целта е детето да се чувствува поинволвирано и да не биде пасивен набљудувач. Сакам да изгради основа за неговата автономија на телото и консензуалните интеракции подоцна во животот – вели таа.
@once.upon.a.mama Building body autonomy & consent in babies & tots! ##momsoftiktok ##fyp ##momlife ##parent ##parenting ##momtok ##dadsoftiktok ##momsover30 ##momhack
♬ Send Me on My Way – Vibe Street
912