Доколку имате деца што одат на училиште, размислете колку време од денот трошат за да научат да пишуваат ракописно? Веројатно не многу доколку го поминале првото одделение. Сè повеќе научни докази покажуваат дека пишувањето ракописно и убавиот ракопис им носат поволности на децата. Ова се само неколку.

Децата што учат како да пишуваат ракописно учат и да читаат подобро

Децата што посветуваат внимание на ракописното пишување, подобро читаат, а освен тоа, имаат повеќе идеи и подобро помнат информации, смета психологот Марија Коникова. Многумина го искусиле феноменот кога помнат нешто откако ќе го запишат.

Пишувањето ракописно активира дел од мозокот

Ново истражување покажува дека пишувањето ракописно активира посебен дел од мозокот кој не се активира при пишувањето на тастатура. Затоа, за децата да имаат активни мозоци, треба да пишуваат и на тастатура и ракописно.

Ја зголемува креативноста

Истражување од Универзитетот во Вашингтон покажало дека децата што пишуваат со рака наместо на тастатура пишуваат побрзо, но и добиваат повеќе идеи во процесот.

Учат моторни вештини

Часовите што ги учат децата на моторни вештини и како да ги користат своите раце прават разлика во натамошниот развој. Учењето ракописно пишување им помага на децата да ги добијат овие вештини.

Може да помогне во спречување на дислексијата

Истражување покажало дека ракописното пишување може да помогне во спречување на дисграфијата, поради која луѓето имаат проблеми со правилното пишување на буквите. Дислексијата е нешто различно, но двете состојби често се појавуваат заедно и големи се шансите дека она што помага во едното помага и во другото.

Децата со поубав ракопис имаат поактивни мозоци

Истражување од Универзитетот во Вашингтон покажало и дека децата со убав ракопис имале поголема нервна активност отколку децата со лош ракопис. Не се знае која е причината за ова, но паметно е да се поттикнуваат сите деца да вежбаат пишување со рака.



912

X