Филозофскиот факултет во Скопје потпиша Меморандум за соработка со Young Engineers Скопје – врвен светски бренд во однос на стимулирање на когнитивните способности, преку приспособени програми кои се однесуваат на едукација и на децата со попреченост.
e² Young Engineers e интернационална компанија за STEM едукација од Израел, застапена во над 50 земји од светот, за кои единствено Young Engineers Skopje Macedonia ги има откупено правата за нашата територија и претставува единствена интернационална лиценца од ваков тип кај нас, која нуди еднаква можност и едукација за сите деца со потврдени резултати од тестирања направени од Center for Cooperation and Advancement (CCA), MASHAV Trainig Center.
Деканот на Филозофски факултет, проф. д-р Ратко Дуев (во средина) на потпишувањето на договорот
Според доц. д-р Наташа Станојковска-Трајковска од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет, програмата Build Up на Young Engineers за деца со попреченост, а особено кај деца со аутистичен спектар на нарушување, може да биде корисна и во функција на подобрување на третманот. Ова го потврдува и периодот на неколкумесечното тестирање преку пилотирање на програмата во позната средина и со едуцирано и познато лице со кое децата работат.
Пилотирањето на програмата беше реализирано во центарот за сензорна терапија „Во мојот свет“. Специјален едукатор и рехабилитатор, дипломиран на Филозофскиот факултет, ја помина обуката и спроведе едукација на децата опфатени со третман во центарот. Програмата Build Up на Young Engineers е одлична можност за интеракција со другите, каде што децата учат за време на игра и низ забава. Лего-коцките ги препознаваме како убава алатка за усвојување социјални вештини: градење и решавање проблеми. Искуството покажува дека задачите што ги поставуваме пред нас во текот на работата со деца со намалено внимание и аутистичен спектар на нарушувања, како што се: поттикнување комуникација, концентрација, логичко размислување, развој на фината моторика, упорност, истрајност, независност, одговорност, стекнување со стратегија како децата сами да дојдат до целта, разбирање на процесите, способност за заедничка работа со врсниците, способност за вклучување во игра со правила, емоционална контрола, придонесуваат за градење вештини за снаоѓање во различни и нови ситуации, што е од исклучителна важност кај оваа целна група.
Последната фаза од програмата предвидува соработка, што е многу важна вештина кај децата со аутистичен спектар на нарушувања. Соработката во текот на работата со лего-коцки децата подоцна ја пресликуваат и во реална средина (на детско игралиште, на училиште). Децата најдобро учат низ игра. Терапијата со лего-коцки е интересна, флексибилна, дозволува грешки и не е стресна за самите деца. Од кутија разновидни коцки децата може да добијат различни форми кои можат да се движат. Играта со коцки има правила, чекорите се планирани, поткрепена е со слики, имаме финална форма која има функција. Со вака структурираната програма децата се охрабруваат затоа што имаат чувството на контрола, успех и победа. Финалниот производ ги прави да се чувствуваат како конструктори, да се почитуваат повеќе и да имаат желба да се пофалат со својот успех.
Доц. д-р Наташа Станојковска-Трајковска
Во пилотирањето на оваа идеја беше вклучена и проф. д-р Софија Георгиевска, психолог од Институтот за социјална работа и политика, која работи на предметот социјална работа со деца и млади во чии рамки една од целните групи се и децата со попреченост, како и на предметите методологија и статистика. Програмата за деца со попреченост се применува во неколку држави од светот, па за поткрепување на придобивките од примената на оваа програма по тестирањето ќе излеземе со податоци кои можат да претставуваат научна основа за примена на програмата и искуството од нашата земја. Секако, важно е да се земе предвид и да се измери напредокот на детето индивидуално (пред и по завршување на програмата), промените што родителот ги забележува кај детето со помош на чек-листи, но и да се спроведе евалуација од страна на самиот едукатор за напредокот на детето.
Како застапник на официјалните програми за интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство и математика со LEGO® коцки на Young Engineers во нашата земја и прва лиценца на Балканот од 2017 година па наваму, многу ни е важно да понудиме еднаква можност за сите деца да бидат дел од оваа стимулирачка програма во нивниот развој, а особено сакаме да истакнеме дека програмите се и инклузивни.
Проф. д-р Софија Георгиевска
Покрај овие иницијативи, Young Engineers Скопје има и редовни програми во текот на школската година, за кои во моментов имаме отворени уписи за сите заинтересирани деца и родители што ја препознаваат вредноста на ваквата интернационална, наградувана и статистички проверена едукација – изјави Сашка Теодосиевски, основач и директор на Young Engineers Skopje Macedonia. Young Engineers Skopje Macedonia. Институтот за специјална едукација и рехабилитација, односно Филозофски факултет како правен субјект и Здружението „Во мојот свет“ потпишаа Меморандум за соработка, со кој трите страни се согласуваат дека програмата може да се промовира, Институтот за специјална едукација и рехабилитација да врши едукација и да се применува кај деца со попреченост.
Се очекува оваа соработка да започне од октомври 2019 година и да се видат резултатите од практикувањето на овие иновативни пристапи.
Деканот на Филозофскиот факултет во Скопје, проф. д-р Ратко Дуев, кој ја прифати идејата Филозофскиот факултет да биде партнер во оваа активност, смета дека последните децении општествената одговорност стана деловен императив и глобална идеја, а општествено одговорната работа и одржлив развој станаа своевидно светско движење.
Основната идеја е дека ниту една компанија, а особено не образовна институција, не учествува во своите активности во некој изолиран простор, туку со својата работа станува значаен дел на општествената целина. Токму затоа од претпријатијата, а пред сè и од факултетите, се очекува освен грижа за остварување профит и деловни активности, да водат сметка и за околината и општеството каде што дејствуваат во целина.
Ова нека претставува само поттик за сите големи компании и корпорации да помогнат со проекти врзани за подобрување на условите во образованието, здравството, социјалната заштита, заштита на животната средина и други области кои имаат потреба од поддршка.
(Комерцијална објава)
912