Сите многу добро знаат дека кучињата се одлични миленичиња. Но, дали семејното куче навистина може да помогне во развојот на малите деца?
Едно ново истражување објавено во списанието „Педијатрик рисрч“ вели дека може. Истражувањето открило голем број придобивки од поседувањето куче кај децата.
Според психологот Ејми Морин, растењето со куче може да донесе многубројни придобивки за детето, без разлика дали се работи за неговиот социјален или емоционален развој.
– Помагањето на семејството да се грижи за кучето може да им помогне на малите деца да се чувствуваат како да се дел од тим. Тие се чувствуваат моќни кога ќе видат дека можат да помогнат во грижата за животното, без разлика дали го хранат или го шетаат. Исто така, децата се чувствуваат покорисни и посамоуверени бидејќи можат да помогнат во одговорностите за грижата за домашно милениче – објаснува Морин и додава дека чувањето куче буквално му помага на детето да биде емотивно поинтелигентно.
Како што покажуваат истражувањата, децата што растат со куче имаат повеќе емпатија, сочувство и самодоверба, што ги прави поуспешни и во детството и подоцна во зрелоста. Ова се само некои од придобивките од поседувањето кучиња што ги истакна најновото истражување:
- Зголемена одговорност кај детето;
- Чувство на идентитет и независност;
- Безусловна љубов и посветеност;
- Зголемена самодоверба;
- Поголемо чувство на емпатија;
- Поголема физичка активност.
Дополнително, претходните студии покажале дека овие деца имаат 23 отсто помали шанси да имаат тешкотии во изразувањето и препознавањето на чувствата и социјалните интеракции отколку децата што пораснале во семејства без куче.
912