Здравје

Децата што одат во градинка нормално е да се разболат пет пати годишно, вели докторка

Не е важно дали станува збор за градинка или игротека – се чини дека децата ги собираат сите вируси и бактерии каде и да се најдат. За родителите кои се борат со чести настинки кај децата, секоја покана за игра може да изгледа како покана за нова инфекција.

Истражувањата покажуваат дека децата што посетуваат градинка имаат пет до седум инфекции на горниот респираторен тракт (настинки, течење на носот, кашлање) предизвикани од вообичаени вируси секоја година. Овие инфекции најчесто се јавуваат помеѓу септември и мај.

– Инфекциите се јавуваат кај нормални, здрави деца со нормален имунолошки систем во просек секој или секој втор месец во годината – пишува д-р Ли Гросман од САД. За тоа не се виновни родителите, ни градинките, ни училиштата.

– Тоа е сосема нормална појава. Да, застрашувачки е родителите постојано да се борат со кашлица, течење на носот, затнат нос, температура или други симптоми што доаѓаат со болеста и е закана за возрасните да се разболат од истите бактерии. Сепак, овие инфекции се нормален дел за зајакнување на имунитетот, а ние, возрасните, ги имаме поретко, бидејќи како деца сме воспоставиле силна имунолошка функција – вели д-р Гросман.

Повеќето од овие примарни вирусни инфекции се лесни и не се опасни за живот. Ако детето има температура, сериозни респираторни проблеми или е премногу болно за нормални активности, треба да се консултира педијатар за методите на лекување.

– Некои од овие благи вирусни инфекции можат да претходат на инфекција на увото, пневмонија, па дури и инфекција на крвта.

Меѓутоа, овие секундарни бактериски инфекции по вирусна болест не се вообичаени. Вообичаено е детето да има настинка што треба да исчезне, но ако симптомите траат повеќе од десет дена, а родителот забележи покачување на температурата, отежнато дишење, повраќање, зголемена непријатност, болка или други симптоми, треба да отиде кај педијатар за точна дијагноза. Можно е на детето да му биде потребно лекување со антибиотици – вели докторката.

Добрата вест е дека секое од вирусните заболувања на децата е еден вид „вакцина“ за вашето дете и дополнително го штити од микроорганизмите што се неизбежни.

– Како што растат децата, нивниот имунолошки систем станува поразвиен и имаме помалку вирусни заболувања. Сите ние сме ги преживеале, па ќе ги преживеат и тие – заклучува д-р Гросман.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top