Игротека

Децата родени во јануари се посебни поради овие причини

Ако во првиот месец од новата година очекувате принова во семејството, и тоа како имате причина за радост. Истражувањата велат дека лицата родени на почетокот од годината имаат поголема веројатност да станат познати ѕвезди, спортисти и лекари, а со тоа и добродушни, романтични и со желба да им помагаат на другите. Ова се 5 причини поради кои бебињата родени во јануари се посебни.

Добронамерни се

Истражување од 2014 година открило дека зимските бебиња се добронамерни и добродушни и помалку раздразливи од своите врсници родени во текот на летните месеци.

Би можеле да станат спортски ѕвезди

Според резултатите на една студија, во Австралиската фудбалска лига дури 33 отсто од играчите се родени во јануари.

Имаат шанси да станат лекари

Најмногу лекари од општа практика, велат истражувањата, исто така се родени во јануари.

Веројатно ќе станат славни

Студија објавена во магазинот „Журнал за социјални науки“ вели дека најголемиот број славни лица се водолии во хороскоп. Тоа значи дека се родени на крајот од јануари, поточно помеѓу 20 јануари и 18 февруари.

Ќе добијат повеќе подароци за роденден

Околу празниците почнуваат намалувањата и попустите, а тоа значи дека децата родени на почетокот од годината веројатно ќе добијат повеќе подароци отколку нивните врсници родени во периодот од годината кога нема распродажби.

Автор: Ана Хлаќа

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top