Воспитување

Децата под 15 години не треба да ја гледаат „Игра со лигни“, реагираат училишта

Серијата „Игра со лигни“ на „Нетфликс“ е една од најпопуларните серии во историјата на компанијата. Тед Сарандос, шеф на содржините на „Нетфликс“, неодамна рекол дека серијата има големи шанси да стане најгледана серија воопшто. Се работи за контроверзна јужнокорејска серија со која во последните недели се опседнаа гледачите низ светот.

Испревртени, насилни и контроверзни теми

Епизодите на серијата содржат многу насилни сцени во кои натпреварувачите се убиваат. Стотина задолжени учесници се натпреваруваат за парична награда, притоа поминувајќи низ 6 задачи за преживување. Во секоја епизода ликовите се натпреваруваат во крвави традиционални детски игри. Оној што ќе победи се пласира во следниот круг на натпреварот, а губитникот го убиваат. Игрите се одвиваат во дворец кој личи на вреќа бонбони, а го чуваат стражари со маски. За популарната серија предупредуваат сѐ повеќе училишта и учители низ светот.

Училиштата предупредуваат: Насилството поттикнува насилство

Од основното училиште „Џон Брамстон“ во Илфорд испратиле писмо до родителите во кое искажуваат загриженост бидејќи дел од учениците што ја гледале серијата се преправале дека пукаат едни во други на училишното игралиште. „Драги родители, сме забележале дека голем број наши ученици ја гледаат Игра со лигни на Нетфликс. Забележавме зголемен број на деца кои почнуваат да ги копираат овие игри на игралиштето, што доведува до судири. Децата што ја гледаат таа серија се изложени на страшни глетки на насилство и оние што така се однесуваат на игралиште нема да се толерираат“, стои во писмото. Серијата има ознака дека е забранета за помлади од 15 години, па од училиштето навеле дека не е примерна за учениците од основното образование.

– Не е примерна за ученици во основно. Родителите на секое дете што ќе имитира такво однесување ќе бидат повикани на училиште и ќе се применат санкции. Бидете свесни за опасноста од оваа ТВ-програма за вашите деца и применете позитивно однесување. Претварањето дека пукате едни во други не е соодветно, ниту прифатливо. Ве молиме да нѐ поддржите во заштитата на нашите деца“, пишува во продолжението на писмото. Тоа не е единственото училиште што реагирало поради споменатата серија. Училиште во Кент нуди дополнителни лекции за насилство и штетата што настанува поради насилството токму поради оваа серија.

Автор: Оливија Петер

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top