Воспитување

Децата од градинката „8 Март“ изработија новогодишни подароци за болните во „Козле“

По повод Недела на солидарноста, децата од објектот Пржино на градинката ЈДГ „8 Март” во Скопје, во Општина Кисела Вода, на новогодишната работилница изработија новогодишни подароци. Со љубов и желба за брзо оздравување, им ги подарија на дечињата и лицата што се на лекување од Ковид-19, како и на медицинскиот персонал од ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања „Козле“.

– Традицијата за хуманитарни активности во „8 Март” продолжува и оваа година по иницијатива на директорката и вработените во објект Пржино. Празничната еуфорија, без разлика на тоа што сме во состојба на пандемија, ја споивме со корисни активности за децата, но и со солидарност. Со убави развојни активности децата се забавуваа и учеа во исто време – вели м-р Павлинка Топузоска, директорка на „8 Март“.

Поврзани написи

To top