Видеото во кое познатиот научник Дејвид Атенборо одговара на прашањата за природа поставени од децата од британското кралско семејство стана вирално.
На видеото се гледа како трите дечиња на војводата и војвотката од Кембриџ му поставуваат прашања. Прв му постави прашање 7-годишниот принц Џорџ за тоа кои животни смета дека се следните што би можеле да изумрат, на што Атенборо дава оптимистичен одговор.
– Се надеваме дека нема да има. Бидејќи постојат многу работи што можеме да ги направиме кога на животните им се заканува изумирање – почнува тој, повикувајќи се на сега големата популација на планински горили што пред некое време беа загрозен вид.
5-годишната принцеза Шарлот му раскажа на Атенборо дека е фасцинирана од пајаците, па таа сакаше да го слушне неговото мислење за нив. Атенборо ги опиша пајаците како „прекрасни суштества“, поздравувајќи ја нивната исклучителна способност да создадат цврсти мрежи во широк спектар на опкружувања.
На крај, 2-годишниот принц Луис го праша Атенборо кое му е омиленото животно, што е прилично тешко прашање за некој толку искусен во светот на природата. Атенборо му одговори дека мајмуните му се омилени диви животни, а ги избра кучињата кога станува збор за домашните миленици.
Sir David Attenborough, we’ve got some questions for you…??️? pic.twitter.com/MTQ68WnOrt
— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) October 3, 2020