Игротека

Децата од 12 години да работат: Хрват предложи решение за недостигот на работната сила и го запали „Фејсбук“

Томас Бауер, сопственик на ПР-агенција, на својот фејсбук-профил ја објави својата идеја како да се надмине проблемот со недостиг на работна сила во туризмот и предизвика бурни реакции

Идејата што ја напиша Томас Бауер е за либерализација на вработувањето, т.е. ангажирањето деца, и отворање можност да работат оние што се постари од 12 години.
„Првото што би го направил за да го анулирам недостигот на работна сила во туризмот е либерализација на вработувањето деца. Да, добро слушнавте, нема никаква причина децата од 12 години нагоре да не вршат голем дел од работите во туризмот.

Во капиталистичка Америка 90 проценти од богатите деца во лето работат барем еден месец – продаваат сладолед, хот-дог, работат како келнери, мијат автомобили или доставуваат летоци и весници. Иако нивните родители имаат толку многу пари што не само што не мора да работат преку лето туку не мора да работат до крајот на животот.

Ефектот е двоен. Освен пополнувањето на работната сила, децата се воспитуваат да не бидат како своите родители, дедовци и баби. Мрзливи газови кои само гледаат каде ќе се напикаат и што помалку да работат, а 85 отсто не сакаат ни да одработат полн стаж“, напиша Бауер.

Тој очигледно заборавил дека според законот за работни односи „лице помладо од 15 година или лице со 15 и постаро од 15, а помладоод 18 години кое оди во задолжително основно образование не смее да се вработи“.

Исто така, во Директивата на ЕУ за заштита на младите лица на работа има слично правило. „Најниската возраст за вработување не смее да биде пониска од најниската возраст предвидена за завршување на задолжителното образование, а во секој случај не смее да биде пониска од 15 години“.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top