Игротека

Децата објаснуваат што значи зборот „осаменост“

Книгата „Оловка пише срцем“ (Моливот пишува со срце) е објавена пред 45 години, но и денес има моќ да ве насмее и разнежи со искрените, духовити, симпатични детски објаснувања за одредени поими.

Меѓутоа, од сите тие детски бисери што ги собрале психолозите Вања Рупник-Рачиќ и Будимир Нешиќ, најмалку се смешни оние што се однесуваат на осаменоста. Веројатно затоа што сите ја почувствувале толку рано. И веројатно затоа што тоа чувство не се менува ни во возрасна доба.
Еве како дечињата објасниле што значи да се биде осамен:

* Кога ќе се скараш со другарката и ќе плачеш.
* Кога никому не смееш да кажеш некоја тајна.
* Кога мислиш на домашната задача и кога никој не те сака.
* Осамен е еден кога е многу силен.
* Јас сум осамен, немам ни жена ни ништо.
* Кога има многу луѓе, и кога само еден останува сам.
* Кога нема никого, па е целосно сам.
* Кога во една соба има само еден човек.
* Кога погледнуваш насекаде и никаде ништо нема.
* Кога ќе се завлечеш под јорганот, па си сам на светот.

 

Поврзани написи

To top