Многу деца се жалат на болки во стомакот пред да имаат некој важен тест на училиште, или пак, пред спортски натпревар. Тоа е затоа што нивната анксиозност и нивото на стрес е на највисоко ниво. Иако ова не треба да биде причина за моментална грижа на некои од родителите, други можно е и да не знаат дека се работи за знаци на анксиозност.

Докторката Никол Савангпонт Патамануч, од болницата за деца во Сиетл, САД, ги проучува симптомите на абдоминалната болка кај децата, која е поврзана токму со стресот. Таа работи на креирање совети за родителите, кои ќе им помогнат подобро да одлучат дали знаците кои детето ги испраќа на ваков начин, се причина за нешто загрижувачко. Исто така, препорачува и одредени техники за да им се помогне на дечињата во такви моменти.

Децата често ги искусуваат и негативните аспекти од реалноста. Менталните нарушувања кај децата се опишуваат како сериозни промени во начинот на кој тие обично се однесуваат, учат или се носат со своите емоции. Најчести ментални нарушувања дијагностицирани во детството се нарушувања во однесувањето, анксиозност, хиперактивност. Сепак, многу родители се скептични или шокирани во врска со бројот на деца кои имаат ментални нарушувања. Често си го поставуваат прашањето: „Зошто воопшто децата би биле депримирани?“. Но, ова прашање произлегува од недоволното разбирање на тоа што значи анксиозноста. Во многу случаи, ова е и причината зошто голем дел од децата не се третирани кога се соочуваат со вакви проблеми, па тоа може да има големо влијание врз нив.

Анксиозноста во некои случаи е придобивка, но како родител, треба да се препознае ситуацијата кога симптомите се предупредувачки и во кој момент е потребно детето да го добие соодветниот разговор и третман од стручно лице. Ова се неколку знаци кои децата ги испраќаат кога страдаат од анксиозност:

– Велат „не можам“ без никаква причина

– Постојано бараат одобрување од пријателите, наставниците или родителите

– Се лутат и се чувствителни кога се разделуваат од саканите лица или родителите

– Одбиваат да зборуваат со врсниците

– Избегнуваат социјализирање со врсниците за време на викендите или кога ќе завршат со часови

– Одбиваат да одат на училиште

– Тивки се кога од нив се очекува да соработуваат со другите

– Одбиваат да учествуваат во активностите на училиште

– Често го поставуваат прашањето „Што ако (се случи нешто лошо)?“

Кои се емоционалните знаци на анксиозност?

– Често имаат изливи на бес

– Екстремно се чувствителни

– Имаат опсесивни мисли

– Често плачат

– Се плашат од грешки

– Се лутат без причина

– Имаат кошмари за губење на сакано лице или родител

– Се грижат за иднината

– Се плашат дека другите ќе дознаат за нивните проблеми

– Имаат претерани, неосновани стравови, фобии

– Имаат панични напади

Физички знаци на анксиозност:

– Имаат тешкотии со спиењето

– Напнати мускули

– Се потат или тресат во загрозувачки ситуации

– Хиперактивни се, но и расеани

– Не ги користат тоалетите надвор, освен оние дома

– Одбиваат да јадат ужина на училиште

– Се жалат редовно на болки во стомакот или главоболки, и кога нема медицински причини за тоа

Важно е да се разбере дека во голема мера овие однесувања се нормални за овој период од детството и животот. Но, потребно е да се изгради средина каде што детето ќе се чувствува удобно и да зборува за своите чувства. Ако на вашето дете му е потребна промена на темпото, треба да се обидете со некои активности на отворено за да го стимулирате нивниот мозок. Можете да го научите на техники на дишење за да се смират, бидејќи колку повеќе се соочат и ги разберат своите емоции и знаците кои им ги испраќа телото, толку повеќе ќе можат и да се справат со нив.



912

X