Препораките за исхрана за децата се прилично јасни: треба да изберете свежо овошје и зеленчук наместо преработена храна со многу сол или шеќер. Сепак, досега немаше прецизни упатства за пијалаците. Ново истражување носи јасна порака: децата и тинејџерите треба да пијат вода за хидратација и целосно да избегнуваат пијалаци што содржат кофеин, шеќер или замени за шеќер.

-Истражувањето покажува дека она што го пијат децата и тинејџерите има силно влијание врз нивното здравје – не само сега, туку и во иднина – се вели во извештајот на „Истражување за здраво јадење/Хелти итинг рисрч“ (ХЕР), кое дава препораки за деца и тинејџери на возраст од 5 до 18 години.

-Со толку многу различни пијалаци на пазарот, донесувањето здрави одлуки може да биде збунувачко и комплицирано. Овие препораки се засноваат на најновото истражување – изјавила Меган Елсенер Лот, заменик-директор на ХЕР.

Колку течност треба да пијат децата дневно?

За да се спречи дехидрација, се препорачува внес на течности според возраста:

Деца од 5 до 8 години: 1,2 литри
Деца од 9 до 14 години: 1,6 – 1,8 литри
Тинејџери 14 до 18 години: 1,8 – 2,6 литри/

Најдобар избор за хидратација? Вода. Обичната вода е најдобрата опција, се истакнува во извештајот. Покрај водата, добра алтернатива е млекото, но само незасладеното, обичното, пастеризирано млеко. Ако детето пие млеко, може да пие малку помалку вода за да ги задоволи своите потреби за течност.

Пијалаци што децата и тинејџерите треба целосно да ги избегнуваат

Три состојки можат негативно да влијаат врз здравјето на децата и тинејџерите:

Кофеин

Едно истражување покажало дека секој четврти тинејџер внесува кофеин секој ден. Постарите истражувања се уште позагрижувачки – дури 73 % од тинејџерите консумираат кофеин на дневна основа. Најчест извор на кофеин кај тинејџерите е сокот, потоа чајот и кафето, а на крајот и енергетските пијалаци. Некои енергетски пијалаци може да содржат и до 500 мг кофеин, додека шолја кафе содржи околу 100 мг.

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) наведува дека 400 мг кофеин дневно се безбедни за возрасните, но нема официјални препораки за тинејџерите. Некои експерти сметаат дека 100 мг е безбедна граница, но Американската академија за педијатрија препорачува децата и адолесцентите воопшто да не консумираат кофеин.

-Нема доволно докази за да се покаже безбедна количина на кофеин за деца и тинејџери – се наведува во извештајот.

Кај адолесцентите се забележани негативни ефекти, како проблеми со спиењето и висок крвен притисок. Дополнително, на етикетите на пијалаците не се бара да ја наведат количината на кофеин, што значи дека родителите честопати не знаат колку кофеин консумира нивното дете. Затоа е особено важно да ги избегнувате енергетските пијалаци бидејќи освен кофеин, содржат и многу шеќер.

Додадени шеќери

Потрошувачката на зашеќерени пијалаци е поврзана со негативни здравствени последици, вклучително и расипување на забите и кариес, прекумерна тежина и дебелина, срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

-Идеален пијалак за дете кое се занимава со редовна физичка активност (до 3 часа дневно) или интензивно вежбање (до 1 час) е водата. Спортските пијалаци се соодветни само за спортисти кои учествуваат во долги, интензивни активности или тренираат во екстремни временски услови – се вели во извештајот.

Замени за шеќер

Иако „диеталните“ или „лесните“ пијалаци често се рекламираат како поздрава алтернатива, не се. Експертите советуваат дека децата и тинејџерите не треба да пијат пијалаци кои содржат вештачки замени за шеќер како што се сахарин, аспартам, ацесулфам-К, сукралоза, неотам, адвантам, стевија и тауматин.

Кај возрасните, новото истражување покажува дека замените за шеќер не помагаат во контролата на тежината како што се мислело претходно. Покрај тоа, долгорочното консумирање може да го зголеми ризикот од дијабетес тип 2, срцеви заболувања и прерана смрт. Затоа експертите советуваат децата да ги избегнуваат.

Какви пијалаци можат умерено да пијат децата и тинејџерите?

Некои пијалаци не се штетни, но не се неопходни за хидратација. Затоа децата треба да ги пијат умерено. Тоа се:

-100 % овошен сок
-пијалаци од растителна основа (бадемово млеко, млеко од соја итн.)
-чоколадо и млеко со вкус.

Ако вашето дете пие овошен сок, тој треба да биде без додаден шеќер и во следните количини:

5-8 години: до 120-180 мл на ден
9-13 години: до 180-240 мл на ден
14-18 години: до 240 мл на ден

Растителните млека не се добар заменски извор на хранлива вредност, освен ако на детето не му е дозволено да консумира кравјо млеко. Повеќето билни пијалаци содржат додадени шеќери и вештачки засладувачи, кои не се корисни за исхраната. Млекото со вкус, исто така, треба да биде ограничено бидејќи содржи повеќе шеќер отколку газираните пијалаци или спортските пијалаци.

Извор



912

X