Сите родители сакаат нивните деца да ги почитуваат, но понекогаш не е лесно да се знае од каде да се започне. Ова е особено точно ако не постои цврста основа за почит.
Затоа, психологот д-р Шефали Цабари сподели неколку едноставни навики кои родителите можат да ги усвојат за нивните деца повеќе да ги почитуваат.
– Почитта на вашите деца се стекнува преку конзистентни постапки и однесувања кои покажуваат љубов, интегритет и одговорност. Малите дневни навики можат да направат голема разлика во тоа како вашите деца ве гледаат – вели таа.
Еве кои навики ги издвојува психологот:
Поставете правила и доследно спроведувајте ги
Кога станува збор за воспитувањето, важно е родителите да бидат доследни. На пример, не можам само да кажам дека телефоните/таблетите се исклучуваат во шест часот денес, а утре се префрла границата до полноќ. Тие, исто така, треба да бидат доследни на нивните ветувања, како и на нивните правила. Тоа е пример за децата да ги почитуваат сопствените обврски, притоа помагајќи им да го почитуваат зборот на родителите.
Признајте кога ќе згрешите
Понекогаш може да им биде тешко на родителите да ги признаат своите грешки. Многу родители денес никогаш не ги виделе своите родители како признаваат грешки или се извинуваат, па се чувствуваат непријатно, а признавањето грешка за нив е страшно, вели психологот.
Сепак, децата мора да знаат дека никој, вклучително и нивните родители, не е совршен. Освен тоа, со признавањето на своите грешки, тие им покажуваат на децата дека е во ред да се биде искрен и отворен.
– Признавањето на сопствените грешки ги учи децата дека тоа е нормално и дека одговорноста е важна – вели психологот.
Поминувајте квалитетно време со вашите деца
Животот може брзо да стане бурен; сепак, важно е да се разбере дека ако сакаме да создадеме средина изградена на почит, прво мора да создадеме основа за поврзување.
– Редовното учество во активности во кои уживаат вашите деца покажува дека го цените времето што го поминувате со нив, што пак гради почит – заклучува д-р Шефали.
912