Ако ваша омилена активност се зборувањето и разговорите, тогаш веројатно ќе имате паметно дете, тврди истражување.
Истражување предводено од научници од Универзитетот „Јорк“ открило врска помеѓу децата што редовно разговарале со возрасните и нивните невербални способности, како што се расудување, аритметика и свесност за форми.
Научниците поставиле уреди за снимање во облеката на 107 деца на возраст од две до четири години. Слушајќи ја секојдневната интеракција на децата со родителите и старателите, тие можеле да проценат какви разговори имале децата со возрасните вклучени во нивните животи. Покрај тоа, од родителите било побарано да работат со децата низа активности, како што се цртање и боење, за да ги тестираат нивните когнитивни вештини.

– Со уреди за снимање звук бевме во можност ненаметливо да ја проучуваме интеракцијата помеѓу малите деца и нивните семејства во секојдневното опкружување, а не во лабораторија. Откривме дека количината на зборови што ги зборуваат возрасните и ги слушаат децата е позитивно поврзана со нивните когнитивни способности – вели Катрина д’Апис, водач на истражувањето.
Интересно, истражувачите откриле и дека позитивното родителство – каде што родителите реагираат и ги охрабруваат децата да истражуваат и да се изразуваат – е поврзано со помалку знаци на агресивно и непослушно однесување.