Ми вели постариот внук (13):
– Тето, знаеш што да правиш ако се најдеш во океан, а немаш вода за пиење?
– Немам поим.
– Ќе уловиш неколку риби и ќе им ги изедеш очите. Окото на рибата е полно со вода, а нема сол.
Го прашувам од каде го знае ова, а тој вели дека го научил на екскурзија.
Ученик е во машко средно училиште во Англија. На екскурзија отишле во шума, спиеле во шатори, носеле кабаници и гумени чизми, пешачеле по сите временски услови. Имале вежба за спасување од авионска несреќа, учеле животни вештини и преживување во природа. Научил од коноп, би рекла малку зајакнат, малку воен, да исплете нараквица која на прв поглед изгледа како обична машка нараквица. Поентата е во тоа што, во случај на нужда, може да ја расплете и да добие метри и метри јаже, со кое може да врзе напаѓач, откако ќе го совлада.
Да, ние имаме хардкор верзија камп на Златибор. Ми пречи тоа што носат оружје и униформи, но такви сме ние – во ништо умерени. Па повторно, јас во гимназија учев да расклопам и да склопам пушка и имав часови по пукање. Моите другари одеа во војска. Моите родители имаа вежби за цивилна заштита.
Денес немаме ништо. Децата во шума би ни умреле гладни и жедни. Не дај Боже да ни се случи некој земјотрес. Би седеле и би чекале да дојдат „службите“ и да ја решат работата. Колку од нас би знаеле како се проверува дали повредениот смее да се придвижува? Колку од нас би знаеле да мобилизираат повредена рака или нога, да направат триаголна марама и да знаат кога таа се користи? Колку од нас би знаеле каде да ја врзат раната што крвави?
А за окото од рибата, знае ли некој?
Нараквицата на самото место му ја направил на тетин му. Да му се најде.
Автор: Љубинка Боба Недиќ