Како што се случува често, после секој бура се појавува виножито, осветлувајќи ги нашите видици со своите бои и предизвикувајќи насмевки на нашите лица. Атмосферскиот феномен кој ни дозволувам да вдишиме мир и спокој и кој не потсетува дека после секоја олуја, светлината повторно се враќа.
Истото се случува во животот на мајката која страдала од една од најголемите болки во светот – загубата на своето дете. Бидејќи абортусот боли повеќе од што и да е. Бидејќи таков момент остава неспоредлива лузна која не тера да веруваме дека сонцето никогаш повеќе нема да изгрее. Но, се случува, понекогаш, после тоа болно искуство, да пристигне виноживотот. Дете кое ја враќа насмевката и радоста и во најтажните срца.
Затоа и се нарекуваат деца-виножита, бидејќи се претставници на надежта, бидејќи се тој сноп светлина кој доаѓа после темна бура. Тие се оние кои не потсетуваат дека на крајот, сепак повторно изгрева сонцето. Да се има дете после губење на друго, со себе носи и куфер полн со збунувачки и интензивни емоции. Иако често може да потпаднеме на нашите стравови, чувство на вина и несигурност, фактот останува – дека со доаѓањето на детето, пристигнува и неверојатно радост и потсетување дека животот е вреден да се живее целосно.
Пристигнувањето на децата-виножито, очигледно дека нема да ја избрише болката од загубата на претходното, бидејќи такво искуство не може да се заборави. Сепак, да се има дете присутно после тоа искуство, помага во справувањето со таа болка и со нејзината трансформација. Децата-виножито помагаат да се избришат сенките и тагата од немањето можност да се прегрне ангелот кој прерано отишол кон светлината.
Бидејќи позади детето-виножито, има приказна за болка и страдање низ кое поминале мама и тато. Но, сепак, тоа дете е носач на нова надеж. Бидејќи децата-виножито носат повторно светлина во семејството после тешка форма на бура. И тие се посебни. Не затоа што се втора шанса, туку затоа што се вистинско чудо кое го осветлува животот и ги заздравува раните на срцето.
Автор: Илариа Бараброса
912