Децата не се раѓаат со упатство за одгледување, па многу родители се збунети од морето разни совети што ги добиваат во врска со воспитувањето.
Тимот на порталот Деца.мк седум години се обидува да ги пренесе советите и препораките за развојот и здравјето на децата од стручни лица – психолози, педијатри, наставници, семејни едукатори, доктори-специјалисти…
Во многуте текстови посветивме посебно внимание на трудниците, мајките, постпородилниот период, но секако не ги заборавивме ни татковците, бабите и дедовците…
Отворивме многу прашања што се појавија во последно време – зависности од екрани, однесување меѓу врсниците, малтретирање, постпородилна депресија, осаменост и др. на кои одговараат нашите соработници психолози.
Се надеваме дека барем малку ви олеснивме при секојдневните предизвици со кои се соочувате.
Ќе продолжиме со нашата мисија за среќно и здраво детство и остануваме отворени за соработка, за вашите коментари, сугестии, теми, искуства…
912