Воспитување

Детето треба да научи која е разликата помеѓу успех и победа по секоја цена

Невозможно е да се заштитат децата од натпреварувачки ситуации, а веројатно и не го сакате тоа. Од здраво натпреварување детето може да научи некои вредни лекции кои добро ќе му дојдат во растењето.

Важност на играњето по правила – петгодишниците тогаш почнуваат да сфаќаат дека правилата се темел на секоја игра. Ако секој создава свои правила, децата не може да играат заедно, па играта не е пријатна. Колку порано детето ќе ја научи оваа лекција, толку ќе му биде позабавно да си игра со други деца.

Како да се биде добар победник и добар губитник – Добриот победник нема да каже: „Ха, ха, победив, подобар сум од тебе!“ Од друга страна, добриот губитник знае дека не треба да се лути. Не само што ова е клучна лекција за детето, туку исто така е важно да ја научи што порано во животот. Кај шестгодишниците ќе го разбереме испадот на бес ако изгуби, додека тоа нема да се толерира кај 16-годишници. Колку е постаро детето, потешко е да го научите да биде добар губитник.

„Не е важно дали ќе победиш или изгубиш, туку како ја играш играта.“ Ова сте го слушнале милион пати и тоа е вистина. И губитникот може да се чувствува добро бидејќи вложил голем напор и дал сè од себе. Понатаму, победникот може да размисли за играта и да сфати дека неговата победа би била невозможна без предизвикот од другиот учесник во натпреварувањето. Колку е детето поизложено на предизвикувачки ситуации, толку појасен ќе му станува тој концепт.

Како да откриете дека натпреварувачкиот дух излегол од контрола?

Иако се вредни можности за учење, натпреварувачките ситуации лесно може да излезат од контрола. Важно е да ги забележите знаците дека вашето дете мисли оти победата е поважна од играта. На пример, да претпоставиме дека детето игра друштвена игра со своите другари. Ако правилата постојано се менуваат, а некои деца мамат, додека други се откажуваат и одбиваат да играат, време е за пауза. Можете да им предложите на децата заедно да прават нешто креативно или да играат игра во која сите победуваат.

Колку се опасни претераните желби за победа?

Кога децата се премногу фокусирани на победа, може да почнат да се вреднуваат врз основа на тоа колку победи оствариле. Дури и ако победуваат 90 отсто од времето, никогаш нема да бидат задоволни. „Ова е погубно за личноста“, вели психологот Ди Шепарт-Лок. „Тие се секогаш на лента за трчање, во потрага по следната победа.“ Причина повеќе во корен да се разбие претераното натпреварувачка природа.

Како да знам дали моето дете е премногу натпреварувачко настроено и што може да направам во врска со нив?

Ако вашето дете е премногу фокусирано на натпреварување, ќе направи сè за да не изгуби. Може да мами или да ги менува правилата на игра за да победи. Понатаму, нема да испроба нова игра или активност доколку мисли дека во неа нема да биде добро.

Ако детето секогаш мора да победува, обидете се да откриете зошто. Разговарајте со него. Се плаши ли дека никому нема да му се допадне ако изгуби? Се обидува ли да го имитира успешниот постар брат или сестра.
Помогнете му да ги стави работите во перспектива – Неколку загуби не значат дека е неуспешно во животот. Обидете се да истакнете некои од неговите постигнувања и да го потсетите дека никој не може да биде најдобар во сè. Ако детето е длабоко вознемирено по секоја загуба, немојте да се плашите да побарате стручна помош.

Што да правам ако моите деца секогаш се натпреваруваат меѓу себе?

Кога се во потрага по партнер во играта, браќата и сестрите природно се вртат еден кон друг, а натпреварувачките ситуации речиси сигурно ќе дојдат. Постои природно ривалство помеѓу браќата и сестрите. Меѓутоа, не сакате ова ривалство да стане нездраво. Ако вашите деца играат натпреварувачки игри, потсетете ги дека забавата е поважна од победата или поразот. Исто така, можете да споменете дека секое дете има индивидуални таленти и дека победата не е синоним за подобра личност.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top