Воспитување

Детето што не се плаши од родителите никогаш не лаже

Колку и да се трудите да воспитате чесно дете, неизбежно е дека во одреден момент тоа ќе се обиде да сокрие нешто, па дури и ќе излаже. Михаил Лабовски, еден од најпознатите психолози на денешницата, се обидел со сопствен пример да објасни зошто децата лажат.

– Секогаш ја контролирав ќерка ми. Кога имаше 14 години, ми рече дека ќе преноќи кај нејзината пријателка Ана. Ми рече: „Нема да им се јавиш на нејзините родители и да ги разбудиш за да провериш. Не си таков човек, нели?“ Секако, не се јавив. Поминаа години, ќерка ми порасна, а неодамна се сетивме на таа ситуација. Ми призна дека не била кај Ана, туку во ноќен клуб. Никогаш не се сомневав во неа. Мислев дека знам сè. Но, ако му дозволев на моето дете да избира и да донесува одлуки, таа ќе ми кажеше дека сака да оди во ноќен клуб, а јас би ѝ рекол не“, се сеќава тој.

Со други зборови, Лабовски вели дека потребата за лажење и криење се јавува поради страв.

„Детето кое не се плаши од своите родители и од последиците од своето однесување, бидејќи има способност да оценува и донесува одлуки, нема да лаже. Малите деца не лажат, тоа започнува со возраста затоа што се принудени и се плашат од последиците“, заклучил тој.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top