Воспитување

Детето не ве почитува вас, ниту другите: Kаде е проблемот?

Често се вели дека децата од овие генерации се премногу тврдоглави и дека е тешко да се справиме со нив. Да се дисциплинираат децата не е тешко, бидејќи тие се угледуваат на вас повеќе од било кој друг. Сепак, важно е проблемите да се препознаат и да умеете да се соочите со нив.

Ова се најчестите проблеми со кои родителите се среќаваат и методите како да се научат децата на подобро однесување.

Останете мирни и не претерувајте

Во забрзаноста на и така стресниот живот, можеби ќе ги изгубите нервите кога вашите деца се однесуваат непристојно. Сепак, не е паметно својата фрустрација да ја пренесувате на децата само затоа што имате контрола над нив. Детето е очигледно луто и вознемирено заради нешто, што е причина за лошо однесување. Длабоко воздивнете и бројте до 10, а наместо да викате, разговарајте со детето. Ако е потребно, напуштете ја собата за и двајцата да се смирите.

Гледајте од нивна перспектива

Дефинитвно постои причина зошто вашето дете е луто и вознемирено. Кај малите деца тоа може да бидат малечки причини, како замор или глад. Со децата кои се малку постари тоа може да биде стрес или притисок од врсниците. Затоа е важно да се седне и да се обиде да се сфати причината зошто детето лошо се однесува. Начинот на кој реагира на работите е вкоренет во она што им се случува во главата.

Разјаснете ги со нив своите очекувања

Кога децата покажуваат бес, покажувањето љубов кон нив или галењето е последната работа која ви паѓа на ум. Но, што ако тоа е она што на детето во тој момент му е потребно? Понекогаш е важно да се седне и да се разговара со децата за тоа зошто нивното однесување е лошо. Децата не се доволно зрели за да можат да разликуваат правилно и погрешно. Понекогаш би можеле да помислат дека одреден вид на однесување е природно и нормално, па затоа е одговорност на родителите да разговараат за она што го очекуваат од своите деца. Објаснете им зошто нешто не е во ред. Немојте само да им давате „да-не“ знаци.

Поставете ограничувања и предупредете ги на последиците

Честа причина заради која децата не слушаат е тоа што не ги познаваат своите граници, односно не знаат кога треба да сопрат. Немојте толку да го разгалите своето дете па да престане да разликува правилно од погрешно однесување. Поставете правила и погрижете се и вие кон нив да се придржувате.

Научете ги на добро однесување

Казнувањето не функционира секогаш, затоа почнете да се фокусирате на тоа како да ги наведете да ја сфатат важноста од доброто однесување. Научете ги на важноста од меѓучовечките односи, зборувајте им приказни за чесни и добри луѓе и што е најважно, дајте им до знаење дека забележувате секој пат кога ќе покажат добро однесување. Можете да им дадете и мали одговорности кои им даваат храброст да веруваат во себе.

Барајте почит

Секогаш се вели дека не можете да натерате некого да ве почитува бидејќи тоа е чувство кое доаѓа природно. Но, со децата случајот е различен. Сепак, не треба да кажете: „Јас сум твој родител, затоа треба да ме почитуваш“. Истовремено, важно е и тие да ја сфатат вашата родителска позиција и да останат во своите граници. Затоа бидете цврсти во текот на поставувањето правила. Ако некое правило се прекрши, ќе биде доделена казна, баш како и награда за добрите дела. Ако бидете пример бидејќи го правите она кое го зборувате, ќе ја добиете довербата од своите деца и тие вас ќе ве доживеат како искрена личност.

Бидете им пример

Последно, но не најмалку важно: спроведете го она што го зборувате на дело. Запомнете, вашите деца секогаш ве гледаат. Затоа, ако сакате тие да го остават таблетот, прво оставете го и вашиот на страна. Ако сакате да комуницираат повеќе наместо да се залепени за ТВ-екранот, одвојте време да бидете тука за нив. Бидете пристојни, имајте трпени и гледајте како вашите деца го прават истото. Покажете им вид на однесување кое сакате да го гледате кај нив и бидете им пример. Потсвесно, тие секогаш сакаат да бидат како вас.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top