Секој родител го изненадува моментот кога неговото дете ќе го надмудри. Таткото Томас Галагер успеа да го долови урнебесниот момент кога неговиот тригодишен син Аги успешно го надмудрил. Видеото на кое тие преговараат за тоа која играчка да ја купат за брзо време стана вирален хит.
Всушност, Томас му рекол на Аги дека може да избере играчка што ќе може да ја држи во раката. Но, Аги бил одлучен да му се купи диџеј-сетот за деца што е голем и треба да се носи со две раце.
– Можеш да го носиш, но јас реков дека можеш да добиеш играчка што можеш да ја држиш во едната рака. Можеш? – го прашува татко му.
Во тој момент момчето почна да смислува како да ја сврти ситуацијата во своја полза. Таткото Томас дури и избрал совршена музика за заднина. Момчето потоа доаѓа со урнебесно решение кое никој не го очекувал.
Но, типично за малите деца, Аги на крајот се премислил и ја напуштил продавницата со друга играчка.
– Го изгуби интересот и зеде пожарникарско возило наместо диџеј-сетот – вели неговиот татко.
912