Воспитување

Дете ги уништило вратата и подот со црвена боја – неговата мајка воодушевува со смиреноста

Инди Клинтон е 25-годишна мајка на момчето Нејви и често на „Тик-ток“ објавува видеа за техниките на родителството што таа ги следи. На едно неодамнешно видео го објавила својот син како стои во дневната соба со шише црвена боја во рацете. Освен што ја истурил бојата врз облеката, со неа обоил бела врата и дрвен сандак.

„Се шегуваш. Се шегуваш. Нејви, застани“, му вели таа на момчето, кое се обидува да не се лизне на бојата намачкана на подот. Клинтон признала дека тоа се случило за неколку минути додека била во близина на нејзиниот син, а многумина ги воодушевила со својата смиреност. Многу родители ја пофалиле што не реагирала бурно.

Watch on TikTok

„Родители секогаш ми велеа – се восхитувам на твојата смиреност. Особено зашто тоа не си очекувала да се случи”, напишала една личност. „Ти си навистина добра мајка. Ми се допаѓа што си толку смирена“, додала друга.

Меѓутоа, некои ја советувале дека треба да го прекори синот кога ќе направи такво нешто. „Тој мисли дека е смешно затоа што се смееш. Мислам дека не може да разликува добро од погрешно бидејќи постојано се смееш. Мој совет е да бидеш малку построга“, вели трето лице. „И јас сум за нежно родителство, но мора да постојат граници. Детето мора да ја научи разликата помеѓу доброто и лошото однесување“, истакнува друг корисник.

„Лично, не би дозволил само така да помине“, заклучува еден од корисниците.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top