Да препознаете дали вашето дете е надарено или не, не е лесна задача. За да им се помогне на родителите да откријат дали нивното дете е навистина надарено, научниците од Институтот „Дејвидсон“ составиле листа со карактеристики кои најчесто укажуваат дека нивното дете е различно од неговите врсници.
Имено, постојат многу дефиниции за надареноста и исто толку начини формално да се утврди дали детето е надарено или не.
Психолозите тврдат дека децата се надарени кога нивните способности се значително над нормалните (просечните) за нивната возраст. Имено, учениците можат да покажат способности во различни сфери – креативно, интелектуално или во одредено предметно подрачје како што е математиката, јазичните уметности или науката.

Сепак, постојат одредени знаци кои можат јасно да откријат дали детето е надарено. Тие вклучуваат:
-екстремна потреба за постојана ментална стимулација
-способност за учење и брзо обработување комплексни информации
-потреба да се истражува тема до изненадувачка длабочина
-ненаситна љубопитност, што се уочува од бескрајните прашања
-способност за разбирање на материјал кој се предава на повисоките одделенија
-изненадувачка емоционална длабочина и чувствителност на млада возраст
-ентузијазам за уникатни интереси и теми
-чудна или зрела смисла за хумор
-креативно решавање проблеми и имагинативно изразување
-брза впивање информации со малку повторувања.