Игротека

Десанка Максимовиќ: „Знаењето е знаење, дури и ако се стекне по пет дена“

Десанка Максимовиќ беше српска поетеса, професор по книжевност и член на Српската академија на науките и уметностите. Таа работела и како наставничка и отворено зборувала како се однесувала како наставничка – била трпелива, полна со разбирање и љубов кон учениците.

– Не се радував кога морав да напишам единица, а и не пишував, туку го оставав ученикот наредниот ден или денот потоа да го каже она што го имав дадено. Не мора некој да го знае материјалот денес, може да го знае и по три дена. Јас не бев толку глупава да барам од детето да мора да го знае тој ден. Знаењето е знаење, дури и ако се стекне по пет дена, и можев, и сакав да почекам детето да научи. На некое дете мајката му е болна, на некое татко му отишол на операција, некое дете било натепано утрото затоа што не ги измило забите. Како тоа дете мене убаво ќе ми одговори? Па, го чекам да му поминат сите тие домашни неволји. Во тој поглед, јас не бев блага, туку нормална – објаснува Десанка Максимовиќ.

Извор

Поврзани написи

To top