Воспитување

Денот кога престанав да ги осудувам мајките

Додека е вистина дека треба секогаш да ги оставаме другите слободно да дејствуваат и да си носат сопствени одлуки и избори, исто така е вистина дека неодоливата манија за осудување на другите нè прави робови на еден маѓепсан круг. Ова е особено вистина кога ќе станете родител, или кога сè уште не сте. И јас го имам направено тоа. Сум осудувала. А потоа и јас бев осудена.

Сфатив дека да се биде мајка е прекрасно и исцрпувачко. За сите жени е најголемо искуство, иако сите искуства се субјективни. Сфатив дека има многу, многу, негативни мислења, непосакувани совети и недобредојдени коментари, само затоа што не се разбрани или едноставно се различни од сопствените. Сепак, сите родители се исти, иако прават различни избори. Сите мајки ја споделуваат истата мисија: да го направат најдоброто за своите деца, иако некогаш избираат сосема различни патишта.

Сфатив кога станав мајка дека нема еден и единствен модел за следење. Дека нема родителска совршеност, но дека сите мајки се совршени на свој начин. Оние што дојат и оние што не го прават тоа, оние што ќе одлучат да ги остават децата да играат или оние што им купуваат паметен телефон. Можам да набројам уште илјада примери. Бидејќи борбите на мајките се многубројни, но сите се погодени од стереотипи. Би било доволно да се запомни, пред да си вперуваат прст меѓусебно, дека сите сме пред сè жени, луѓе, со сопствени приказни и искуства, со лична способност да избираме и да дејствуваме. И дека ние сме мајки, па како и другите, се движиме и се бориме за доброто на нашите деца, дури и кога правиме грешки, според нашите правила. Дури и кога другите не разбираат. Дури и кога не сме совршени.

Сите мајки работат за најубавата цел во светот: благосостојбата на своите деца. Никогаш не треба да ги осудувате, ниту кога вие сте мајка, ниту кога не сте. И за да го запомните тоа, со вас ја споделувам оваа прекрасна поема од Неде Баулис Муас:

– Еден ден ја сфатив мајката која ги облече нејзините ќерки во хеланки за да одат на роденден… бидејќи тоа ѝ се чинеше поудобно… и мајката која го направи тоа бидејќи немаше време да им ги облече фустаните за забава. Дури и мајката која ги остава своите деца боси бидејќи мисли дека тоа е најдоброто нешто, како и онаа што ги остава цел ден со чевли на нозете. Ја разбрав онаа што дојде на состанок со обесхрабрено лице прашувајќи некого дали може да се погрижи за детето бидејќи мора да оди во тоалет или да седи и да разговара со други лица. И ја разбрав онаа мајка што го прегрна своето бебе и не споделуваше ништо со никого поради критичните погледи од другите. Ја разбирам онаа што доцна – никогаш не замислував дека ќе биде така сè до денес, кога сфатив колку е тешко секогаш да се биде некаде навреме.

Ја разбирам онаа мајка што во ресторан не знае како да го смири својот син, додека другите ја гледаат со израз на лицето кој вели дека таа не знае да биде мајка. Ја разбирам мајката што не знае што да прави за време на криза, кога синот ѝ плаче и има изливи на бес на улица.

Како ја разбрав…

Онаа што дои…

Онаа што не го прави тоа.

Онаа што брзо се враќа на работа.

Онаа што одлучува да остане дома.

Еден ден станав мајка и сфатив дека не сум совршена. Ја научив својата форма, се гледам себеси во секоја од нив и ги прегрнувам и им помагам на оние што можам, па се прегрнувам и себеси заедно со нив.

Автор: Иларија Бараброса

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top