Мајките денес имаат поинаков пристап кон родителството од родителскиот стил што го користеле нивните мајки, покажува истражување спроведено на над 3.800 новопечени и идни мајки.
Од мајките било побарано да изберат придавки за нивниот пристап кон родителството. Речиси 4.000 мајки, на возраст помеѓу 18 и 54 години, кои или биле бремени или имале барем едно дете од 8 години, избрале зборови како поддршка (71 отсто), негување (63 отсто), забава (58 отсто) и нежност (56 отсто).
Кога биле прашани да го опишат сопствениот стил на родителство и да го споредат со стилот на родителство на нивните родители, само 39 отсто изјавиле дека нивните родители ги поддржувале, 27 отсто изјавиле дека родителите се грижеле за нивното растење и 1 од 5 се сеќавалa на своите родители дека биле нежни.
Дополнително, мајките денес се надеваат дека на своите деца ќе им всадат различни основни вредности од оние што им ги всадиле нивните родители. Иако има одредено преклопување во важноста на принципите како почит, чесност и одговорност, нивните приоритети се рангирани малку поинаку.
Наместо тоа, денешните мајки сакаат да всадат добрина (53 отсто), среќа (49 отсто) и емпатија (31 отсто). Во меѓувреме, тие велат дека водечките приоритети на нивното детство биле добро воспитување (43 отсто), силна работна етика (40 отсто) и послушност (35 отсто).
Колку од овие ставови одразуваат вистинска генерациска промена во моралот и колку од резултатите може да им се припишat на мајките кои ги гледаат сопствените стилови преку идеализиран поглед? По малку од двете, вели Џенифер Лансфорд, професорка и директорка на Центарот за детска и семејна политика на Универзитетот Дјук.
– Постојат историски промени во видовите родителски однесувања кои се сметаат за потипични. На пример, родителите во денешно време имаат поголема веројатност да прават многу намерни работи, како учење знаковен јазик, што треба да биде интелектуално или емоционално збогатување, што родителите во минатото не го правеле – вели таа.
Друг пример што таа го дава е тепањето или друго физичко казнување – некогаш широко распространет дисциплински метод кој сега е нелегален во половина од земјите во светот и отфрлен од повеќето експерти за родителство.
Генерациските пристапи се поделени уште повеќе меѓу модерните мајки: мајките од генерацијата З се со помала веројатност да кажат дека сакаат да имаат родителски стил сличен како што тие биле воспитувани (29 отсто) отколку мајките кои припаѓаат на милениумците (36 отсто) или генерацијата екс (43 отсто).
Мајките пред една генерација имале неколку класични книги и популарни кампањи за совети за родителство и не било ништо слично како бескрајниот извор на информации како „Тик-ток“, блогови, хаштази и апликации. Можеби затоа мајките од анкетата се согласија дека родителите денес се пообразовани за техниките за воспитување (61 отсто) и повнимателни со техниките за воспитување (71 отсто).
Родителите велат дека пренесувањето на културата и наследството и понатаму е важно
Дури и ако имаат поразлични вредности од нивните родители, денешните мајки и понатаму сакаат да ги споделуваат семејните традиции. Мнозинство од анкетираните (74 отсто) чувствуваат одговорност да пренесат информации за нивното културно потекло.
912