Во текот на изминатите неколку недели фронтменот на „Фу Фајтерс“, Дејв Грол, имаше „битка“ со 10-годишната Нанди Бушел од Британија, која е доста популарна на социјалните мрежи.

Сега тој ѝ напиша неверојатна песна.

Предизвикот почнал кога Нанди на „Твитер“ му испрати предизвик на Грол за неговата хит-песна „Еверлонг“. Потоа, Грол ѝ одговори со песната „Дед енд френдс“, но ѝ го призна поразот. Затоа ѝ напиша тематска песна каква што ѝ доликува на една млада суперѕвезда.

– На секој суперхерој му е потребна тематска песна – рече тој, но песната не ја извел сам, туку со неговите три симпатични ќерки како вокали во заднина.

Извор



912

X