Воспитување

Дедото не знаел дека внукот е крстен по него – погледнете ја неговата реакција

Али Мајорана на „Тик-ток“ споделила прекрасно видео од првата средба на нејзиниот син и татко ѝ. Имено, ова е четврто дете на Али, а нејзините родители не знаеле дека таа и нејзиниот партнер одлучиле момчето да го крстат по нејзиниот татко.

На објавеното видео се гледа како нејзините родителите влегуваат во болничката соба, а Али го држи својот син. Иако мајката на Али знаела дека нејзината ќерка ќе роди момче, не му кажала ништо на сопругот за изненадувањето да биде двојно. Но, вистинското изненадување за двајцата родители било кога дознале дека момчето се вика Николас.

Набргу откако Али му открила на нејзиниот татко дека родила момче и дека му го дале името Николас, тој не можел да ги задржи емоциите и почнал да плаче. Трогателното видео набрзо станало вирално, а за два дена било прегледано повеќе од милион пати.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top