Често се вели дека за воспитување на децата потребно е цело село, но денес оваа идеја изгледа старомодно. Социјалните мрежи и технологијата ни даваат илузија за поврзаност, но тоа не е исто како вистинската, лична поддршка кога се обидуваме да балансираме со работата, родителството и сè помеѓу. Во реалноста, многу е тешко да се најде вистинска заедница, а кога луѓето околу нас се вклучуваат во моменти на потреба, тоа е благослов.

Често бабата е таа што помага, па затоа чудно е кога некој споделува дека и дедовците го даваат својот придонес.

Родителството денес е како борба по нагорна линија – постојано се движите низ нови територии без мапа. Од ситните работи до огромниот, непоколеблив ментален товар на одржување на безбедноста и среќата на сите. Навистина е многу.

Секој вид помош е еден вид спас, а кога дедото се вклучува, се чувствувате како огромен товар да ви се тргнал од рамената. Токму тоа го кажува и Сара Лорсунг Тврдик, мајка на три деца од Омаха, Небраска.

Тврдик покажува како нејзиниот татко секој ден ја носи нејзината осуммесечна ќерка до нејзиното работно место за да може да ја види на ручек, што таа го нарекува „несебичен пример“ на љубов.

– Бев нервозна што ќе ми недостига премногу кога ќе се вратам на работа, па тој се понуди да ја носи за да ме види – објаснува мајката и додава дека тоа е најубавиот дел од нејзиниот ден и дека е многу благодарна што нејзиниот татко го прави ова.

Родителите ги споделија своите приказни за нивните татковци кои се вклучиле во грижата за нивните деца кога им било потребно. Една личност напиша за својот дедо, за кој вели дека им бил како татко и ги чувал децата на 83 години.

– Тој станува во 4:50 часот. Патува 30 минути и доаѓа кај мене дома во 6:00 часот и ги носи моите деца на училиште за да можам навреме да стигнам на работа, а децата на училиште. Не знам што ќе правам без него еден ден кога ќе го нема. Е тоа е вистинска љубов – пишува интернет-корисникот.

Друго емотивно видео за дедо кој се вклучил во грижата за своето внуче откако мајката станала самохрана, предизвика лавина емоции меѓу интернет-корисниците. На видеото можете да видите како дедото му чита на бебето, го чешла и си игра со него.

Навистина е потребно село

Додека е неверојатно да се видат сите емотивни начини на кои овие дедовци се вклучиле во животите на своите ќерки во овие несигурни моменти, видеата потсетуваат и на тоа колку е важно заедницата да ѝ помогне на мајката. Родителството не треба да се прави во изолација, а со оглед на тоа што семејства наоѓаат нови начини за да се поддржуваат, јасно е дека љубовта и поврзаноста не мора да носат традиционални улоги.

Без разлика дали дедото се појавува со ужина и приказна или некој друг член на семејството се вклучува, ова е важен потсетник дека никој не треба да го прави ова сам.

Извор



912

X