Витилиго е честа болест што зафаќа помеѓу 0,5 и 1 отсто од населението во светот. Станува збор за губење на бојата на кожата на одредени делови од телото. Иако постојат многу начини за борба против оваа состојба, заболените најтешко се справуваат со предрасудите од другите луѓе.
View this post on Instagram
64-годишниот Жоао Станганели почнал да покажува знаци на оваа болест кога имал 38 години. Работел во гастрономската индустрија, но поради срцеви проблеми, животот радикално му се променил минатата година.
Жоао не дозволил оваа препрека да му го ограничи животот. Одлучил да се занимава со некакво хоби што би го одржувало здрав, активен и среќен. Така, заедно со сопругата, одлучил да научи да плете.
Признава дека за него ова воопшто не бил лесен подвиг и дека размислувал да се откаже, но одлучил да биде истраен во намерата. Својата прва кукла ја сплетил по пет дена.
Дали секој може да плете?
Дефинитивно не. Со оглед на тоа дека може да предизвика плускавци на прстите, ова не е активност што им одговара на сите, а некои луѓе дури и ги иритира. Но, откако ќе се навикнете, нема да сакате да престанете.
Жоао вели дека првобитната идеја му била да направи кукла за неговата внука, но сакал да биде нешто посебно за секогаш да го памети. На крај се одлучил и неговата кукла да има витилиго. Така се родитла Витилинда, убава кукла со дамки и шарена кожа.
По успехот што го доживеа Витилинда, Жоао одлучил да изработи повеќе вакви кукли. Следувала серија на кукли во инвалидски колички во кои сите се заљубија.
Неговата најважна цел е да им ја подобри самодовербата на децата што живеат со витилиго и да ги развесели. Сознанието дека некој ги има и цени неговите кукли го мотивира да ги развива своите вештини.
View this post on Instagram
– Дамките што ги имам се прекрасни. Она што ми пречи и повредува се мааните на другите луѓе – вели тој.