Новата реклама за Дедо Мраз е наменета да ги увери гледачите дека тој сигурно ќе го посети нивниот дом оваа година. Сепак, на многумина не им се допадна.

Рекламата е лансирана од компанијата за производство на пијалаци „Иносент дринкс“.

– Слушнавме дека луѓето се загрижени затоа што Дедо Мраз можеби нема да може да го посети нивниот дом оваа година, па смисливме лукаво, хигиенско и што е најважно, стилско решение – пишува во описот на рекламата. Видеото е прегледано 1,5 милион пати, а почнува со илустрација за поставување забрани за да се спречи Дедо Мраз да се спушти низ оџакот.

– Овие правила за карантин и забрани за патувања значат дека на Дедо Мраз му треба нов план. Или ќе мора да остане на Северниот Пол со своите резерви. Готово е, готово е, Божиќ е мртов. Но, Дедо Мраз добива кутија од „Иносент“. Внатре е заштитниот костум за него, со маска за лице, ракавици и визир за да му обезбедат сигурно патување – се вели во рекламата.

Видеото завршува со уверување дека Дедо Мраз ќе стигне до домовите на гледачите, без оглед на сѐ.

На голем дел од гледачите воопшто не им се допадна рекламата. – Ова е невкусно и несоодветно – вели еден читател.

– Тешко е да му се објасни на моето дете зошто Дедо Мраз треба да има посебен заштитен скафандер кога тоа верува дека Дедо Мраз е доволно магичен да може да биде безбеден и без скафандерот – вели друг.

Но, има и такви на кои им се допадна рекламата.

– Ви благодарам! Мојот син е аутистичен и многу беше загрижен за Дедо Мраз оваа година – е коментарот на една мајка.

Што мислите вие?

Извор



912

X