Дојде периодот од годината кога децата му седнуваат во скутот на Дедо Мраз и му кажуваат што сакаат за Нова година. Но, на некои деца им е потребен толкувач кој ќе му каже на Дедо Мраз што сакаат.
Токму тука настапуваат „Услугите за глуви“ во Гранд Рапид. Во саботата тие ја одржаа својата манифестација на која глувите деца, преку знаковен јазик, му кажуваа на Дедо Мраз што сакаат за Божиќ и Нова година.
– Дедо Мраз ме праша што сакам за Божиќ и јас му реков дека сакам појас – вели Харпер Лехман.
Имаше толкувачи на знаковен јазик на целата локација, но голем дел од децата зборуваа директно со Дедо Мраз на знаковен јазик.
– Навистина уживав додека гледав како овие глуви деца и деца со чувствителен слух комуницираат со Дедо Мраз. Тоа ги прави среќни и ме прави да се чувствувам среќен за нив што се благодарни за оваа можност – изјави Дедо Мраз.
Деб Атвуд, извршен директор на „Услугите за глуви“ во Гранд Рапидс, изјави дека првите неколку години кога се одржувал настанот малечко дете не верувало дека тоа бил Дедо Мраз. Потоа, го видело како го користи знаковниот јазик.
– Ги отвори широко очите и сите ние, волонтерите, почнавме да плачеме – изјави Атвуд.
Таа раскажува дека детето истрчало право кај Дедо Мраз, скокнало во неговиот скут и двајцата разговарале повеќе од 15 минути користејќи го знаковниот јазик.
– Токму тоа е важно – тоа што овие деца имаат глас и нивниот глас е преку знаковниот јазик – вели Атвуд.
912