Игротека

Фантастично видео на дедо и внук – ја пеат „I Want to Break Free“ преку видеоповик

Видеото на 9-годишно дете и неговиот дедо како ја изведуваат „I Want to Break Free“ од познатиот рок-бенд „Квин“ станало вирално. Во текот на самоизолацијата поради коронавирусот, дедото и внукот го снимиле дуетот преку видеоповик.

Во видеото, кое било снимено од мајката на детето Керолин Галагер, Џејмс Галагер свири на гитара додека пее заедно со неговиот дедо, 73-годишниот Пол Браун, чиј лик се забележува на телевизорот.

„Внукот и дедото сакаат да се ослободат во Даблин“, напишала Керолин на видеото кое го споделила на „Твитер“, а додала и хаштаг: #SocialDistancing, #VirtualJam и #Queen. Дуетот, кој бил прегледан повеќе од 31 илјада пати, наишол на низа позитивни коментари на социјалните мрежи, каде што луѓето се заблагодаруваат за забавата и доброто расположение.

„Ова е најдоброто нешто што го видов во текот на целата недела“, напишал еден корисник. „Какво фантастично дуо“. Друг пак, додал: „Ви благодарам момци, ми го разубавивте денот!“ „Ова е прекрасно. Ми се допаѓа“, се нижат коментарите.

Автор: Челси Ритшел

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top