Игротека

Децата што подоцна прозборуваат почесто имаат испади на бес, покажува ново истражување

Ново истражување од Универзитетот „Нортвестерн“, спроведено на 2.000 деца, покажало дека малите деца со ограничен вокабулар имаат почести и посилни испади на бес (тантруми) од нивните врсници кои имаат типични јазични вештини. Ова е првото истражување што го поврзува доцнењето во говорот со интензивно емоционално однесување уште кај деца од 12 месеци, што е порано отколку што многу експерти очекувале да се појават вакви проблеми.

Зошто е важно тоа?

Иако е нормално дете да покаже бес кога е уморно или фрустрирано, честите и сериозни тантруми може да бидат ран знак за идни предизвици како анксиозност, депресија, АДХД или проблеми со однесувањето. Исто така, и кај задоцнетиот говор и кај тантрумите постои ризик од понатамошни јазични и образовни потешкотии. Дури 40 отсто од децата што доцнат со говорот подоцна имаат трајни јазични пречки.

Детали од истражувањето „Кога треба да се загрижиме

Објавено во „Журнал оф аплајд девелопментал сајколоџи“, истражувањето ги опфатило одговорите на над 2.000 родители на деца од 12 до 38 месеци. Родителите пријавиле колку зборови кажуваат нивните деца и колку често имаат испади на бес.

Се смета дека едно дете доцни со говорот ако до втората година не користи најмалку 50 збора или не комбинира зборови. Токму овие деца покажуваат двојно поголема веројатност за силни тантруми како задржување на здивот, удирање и слично.

Што треба да знаат родителите?

Овие реакции кај малите деца може да се дел од нормалниот развој. Родителите не треба да се грижат веднаш ако нивното дете знае помалку зборови од другите или има еден лош ден. Причина за загриженост постои само кога има постојан образец на проблематично однесување. Кога и двете се јавуваат заедно, можат да се влошат.

Што следува понатаму?

Истражувањето е дел од поголем проект под наслов „Кога треба да се загрижиме“. Следната фаза вклучува околу 500 деца од Чикаго кои се следат секоја година до 4,5-годишна возраст вклучувајќи и деца со типичен развој и оние со раздразливо однесување или доцнење во говорот.

Целта е да се развие алатка која ќе им помогне на педијатрите и родителите навреме да препознаат што е нормален развој, а што бара дополнителна поддршка.

Извор

Поврзани написи

To top