Најнова американска анализа покажува дека е мала веројатноста децата со прекумерна тежина да исполнат некој од петте маркери за одлично детство, а кои вклучуваат образовни и емоционални вештини. Овие маркери вклучуваат: успешно завршување на домашните задачи, грижа за учењето, извршување на задачите, покажување интерес за учење и соочување со предизвиците.  Авторите на студијата ги претставија своите резултати на 3 ноември пред Американската академија за педијатрија на годишната конференција во Орландо, Флорида.

– Ние често размислуваме за прекумерната тежина кај децата како проблем на иднината – изјави главниот автор на студијата за „Ројтерс“.

– Сега знаеме дека дебелината кај децата е поврзана со лошите вештини за справување и за неуспесите во училиштето. Мора веднаш да се преземат мерки. Се надевам дека родителите, училиштата и лекарите ќе се обединат и ќе се концентрираат на нашите напори за да им помогнеме на децата што се изложени на ризик да го достигнат својот максимален потенцијал – изјави д-р Наташа Гил од Универзитетот „Браун“ и Детската болница во Провиденс, Роуд Ајленд.

Истражувачите ги анализирале податоците добиени од родителите за 23.000 деца на возраст од 10 до 17 години кои учествувале во Националното истражување за детското здравје во 2016 година.

Истражувачите ги зеле предвид семејните, соседските и економските фактори, како и навиките за спиење на децата, нивната изложеност на дигиталните медиуми и секоја можна дијагноза за депресија.
Тие откриле дека само 29 проценти од децата со прекумерна тежина ги исполнуваат сите пет индикатори за среќно детство, во споредба со 38 проценти од децата што имале вишок килограми и 41 процент биле деца со нормална тежина.
Гледајќи во петте маркери поединечно, децата со прекумерна тежина не ги исполниле сите, освен завршувањето на домашната задача, за разлика од другите деца.
Наодите исто така посочуваат дека дебелината предизвикува ризик и за појава на други проблеми кај децата.
– Исто како што зголемената изложеност на негативни настани во детството е поврзана со негативни резултати, новите истражувања укажуваат дека младите што прикажуваат помалку позитивни ставови имаат поголема веројатност да се вклучат во ризично однесување – рече Гил.

– Откако го направивме ова истражување, чувствувам дека сега јас можам да едуцирам за итноста за спречување и лекување на дебелината бидејќи таа може да влијае врз секојдневниот живот на детето, неговиот развој, успесите во училиштето и неговите вештини за справување.

 



912

X