Секое четврто до петто дете е дебело, само половина од децата јадат овошје секој ден. И само една четвртина зеленчук. Околу половина од родителите не ја гледаат дебелината како проблем. А и само половина од лекарите разговараат за оваа тема со родителите. И само една четвртина даваат упатства за лекување на дебелината.
Проблемот започнува за време на бременоста кога идната мајка добива прекумерна тежина. Се смета дека посакуваниот и правилен метаболизам се формира во првите 1000 дена од животот. Ако детето цица. Ако не добие прекумерна телесна тежина во првите три месеци… Ако не пие антибиотици…
Велика Британија успешно го користи упатството 5210 – Секој ден!
Во превод: 5 оброци на ден (три главни оброци и две овошни закуски). Максимум 2 часа време пред екран. Минимум 1 час физичка активност. 0 енергетски пијалаци на ден.

И уште нешто: Десерт веднаш по ручекот. Што е можно повеќе оброци дома. Пет различни овошни и зеленчукови намирници во текот на денот.
Многу важно: Не се препорачува децата да јадат храна со малку јаглехидрати (житарки, леб, тестенини), бидејќи во фазата на интензивен раст и развој тие сочинуваат 50 проценти од дневните калориски потреби.
Исто така, не занемарувајте ја важноста на млекото и месото како главни извори на протеини.
Автор: д-р Нина Мандиќ/ педијатар