Игротека

Дали ви здосади сопругата по 10 години брак? Одговорот на еден маж ќе ве воодушеви

Одговорот на овој сопруг го споделуваат луѓето од целиот свет

Добата на константниот консумеризам во која важи правилото „прво јас“ и прави го она поради кое ти ќе се чувствуваш добро (по секоја цена) создаде затворена култура која сака по секоја цена сè и сега, па и сака што побрзо да уништи сè што не ја прави среќна.

Тој менталитет, за жал, влезе и во браковите и создаде некои клишеа.

Речиси половина од браковите завршуваат со развод, па затоа јасно е дека сопругот и сопругата станаа потрошни добра. Бараме нешто ново, романтика, пеперутки во стомакот и го занемаруваме фактот дека вистинската љубов е избор, а не чувство.
Теологот Џон Пајпер рече: Верувам дека поголемиот дел од паровите што се во брак 50 или 60 години неколку пати се заљубуваат и одљубуваат еден од друг. Тоа го кажувам без никаква намера да бидам духовит. Според моето мислење, лудо е да се мисли дека луѓето се „заљубени“ еднакво низ сите години во бракот, и тоа на начин каков што бил на почетокот на врската. Тоа е навистина лудост.

На сличен начин блогерот DadMum одлучи да ја покаже реалноста на бракот откако го прашале дали е несреќен поради „монотонијата на секојдневниот живот“ бидејќи 10 години е во брак со својата сопруга.

Неговите мудри зборови за растењето заедно и пронаоѓањето нови причини за постојано да се заљубуваат еден во друг останале во мислите на сопружниците во светот.

„Заедно сме речиси десет години.
По десет години многу денови изгледаат слични. Лесно се губат и неделите и месеците и годините. Сепак, тоа не значи дека се монотони. Тоа само значи дека има многу работи што ни се случуваат, што претходно ги немаше.
Таа не е истата 18-годишна жена што ме заведе на забавата. Сепак, тоа не ја прави досадна. Тоа значи дека сега имаме обврски и одговорности кои ни се малку повеќе на ум.
И да, сега понекогаш е малку дрска и уморна. Но тоа не значи дека повеќе не е онаа забавна девојка со која излегував. Сега во животот ни се случуваат многу работи поради кои е под стрес.
Не можете да очекувате работите во врската никогаш да не се променат. Бидејќи тоа секогаш се случува. Со текот на времето врската престанува да биде бајка и се претвора во живот. Ако таа е под стрес, обидете се да ѝ ги олесните обврските што ги има. Ако е уморна, дајте ѝ време да се одмори. Ако е нервозна, кажете ѝ дека одлично го прави тоа што го работи, а ако е несигурна, кажете ѝ дека ја сакате повеќе од кога било дотогаш“.

Поврзани написи

To top