Родителите се обидуваат да ги воспитуваат своите деца на најдобар можен начин, но понекогаш дури и тоа не е доволно за да го спречат детето да покаже одредени особини или модели на однесување што укажуваат на тоа дека можеби нема почит кон нив. Имено, понекогаш родителите сосема несвесно не ги поставуваат границите доволно јасно, а децата го користат тој момент, велат психолозите. Токму затоа потребно е да се препознаат првите симптоми на непочитување за да може навреме да се реагира.
Како што додаваат психолозите, непочитувањето од страна на децата и тинејџерите може да се изрази на различни начини, а некои од нив се следниве:
-контрадикторност
-приговарање (жалење)
-расправање
-инает
-игнорирање.

Имено, сето тоа се негативни шаблони на однесување кои децата и тинејџерите можат да ги користат за да го изразат своето незадоволство од поставените ограничувања, за да избегнат одредена задача што не сакаат да ја направат во тој момент или да се обидат да ја преземат контролата во некоја ситуација кога се чувствуваат немоќни.